596
Судските одлуки се одлуки на правосудните органи како независни институции. Владата на РМ со должно внимание ги зема во предвид пораките од денешниот протест по повод одлуката на Јавното обвинителство во врска со трагичниот случај на 4-годишниот Алмир Алиу од Куманово, се вели во соопштението од владата.
„Овој став на Владата е во насока на сеопфатните заложби за реформи во правосудниот систем што треба да ги вратат достоинството и довербата во судските институции, и најмногу од се да ги вратат непристрасноста, независноста и владеењето на правото и правдата, во работата и одлуките на сите институции во правосудството – се наведува во владиното соопштение.