12 луѓе ја изгубија битката со корона вирусот изминатото деноноќие

by fokus
Во последните 24 часа починати се 12 лица кои биле заразени со корона вирус.
Четворица пациенти од Скопје (63, 75, 44 и 68г), двајца од Битола (44 и 72г), еден од Куманово (70г), еден од Прилеп (59г), еден од Охрид (68г), еден од Струмица (76г),еден од Радовиш (58г) и еден пациент од Кичево (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 37499, бројката на оздравени пациенти е 22835, на починати е 1096, а бројот на активни случаи изнесува 13568.

Поврзани новости