664
Со 83 гласа „за“ и ниту еден против пратениците ги донесоа законските измени со кои ДДВ-то за електричната енергија се намалува од 18 на 5 проценти.
Иако власта планираше пониското ДДВ да почне да се применува од 1 јули за да се амортизира ударот од повисоката цена на електричната енергија за 12,3 проценти, дури по објавување на измените во Службен весник на граѓаните ќе им се пресметува 5 проценти ДДВ за потрошената електрична енергија.
Тоа значи дека за јули ќе добијат повисоки сметки бидејќи за претходниот период ќе им биде тарифирана повисоката цена на струјата без намален ДДВ.