Во исчекување на официјалните податоци од ДИК, за изборните резултати во Теарце, Антонио Милошоски на фејсбук најави победа на ВМР-ДПМНЕ. Тој напиша дека народот победил, односно посочува дек 51 пратеник има ВМРО-ДПМНЕ, а 49 СДСМ.
Доколку податоците се точни, ова значи дека СДСМ, иако има повеќе, не освои доволно гласови за да му земе мандат на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи на опозицијата и требаше 304 гласови разлика во своја корист.
ДИК најави дека во 21,30 часот и официјално ќе ги објави резултатите од прегласувањето. Според неофицијалните информации правото на глас на избоирачкото место 2011 во Теарце го оствариле 402 лица од вкупно 714 запишани избирачи. На гласањето одржано на 11 декември на ова избирачко место правото на глас го остварија 404 граѓани.