Пред самиот старт на судското рочиште “Рекет”, обвинатиот Бојан Јовановски во судница со повишен тон и се обрати на обвинителката Вилма Русковска.
“Корумпирана обвинителке, вршите тортура врз мене”, викаше Јовановски, по што судската полиција го отстрани од судницата, а го врати откако влезе судечкиот совет.
Додека и викаше на обвинителката, Боки 13 во рацете држеше медицинска документација, прашувајќи ја како за неа неговата малигна состојба е добра здравствена состојба.
Адвокатката на Јовановски ја извести судијката дека обвинетиот не се чуствува добро, а Јовановски рече дека последната дијагноза му е магнилитет и дека треба да му се отстрани зафатениот орган.
Судијката Васка Масевска Николовска предложи да се повика Брза Помош, но Јовановски истакна дека не сака, бидејќи дијазепамот не може да му помогне.
-На 33 години имам рак на желудник, рече Јовановски, кој истакна дека нема да дозволи да му судат под седативи.
Во понеделникот Апелациониот суд ја одби жалбата на Јовановски за укинување на мерката притвор.
На денешното рочиште треба да се гледаат снимки обезбедени од сведокот Орце Камчев.
В.В.