Димитров: Иднината, а не минатото, треба да биде тема на претседателските избори!

by fokus

Главна тема на претседателските избори треба да биде иднината, а не минатото. Тоа ќе биде судир меѓу надежта и стравот, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи во неделното интервју за РСЕ.

На прашањето, каков е ставот на ДУИ околу евентуалната негова кандидатура, тој вели:

-Јас сум фокусиран на мојата работа, тоа може да звучи како клише, ама имаме уште многу работа. Договорот влезе во сила, има уште многу околу имплементацијата. Наскоро ќе одам во билатерална посета во Софија, тоа е еден однос кој исто е важен, бара негување, почнавме еден процес на заедничко растење. Според моето искуство ефектот е 80 отсто личност и 20 отсто позиција. Дали ќе биде од оваа канцеларија или од онаа канцеларија, од трета канцеларија, јас ќе дадам се од себе нашата генерација, не само тие што се со мене родени, туку сите што сме сега активни да ја поминеме линијата на сигурност, да им дадеме барем пристојна шанса на следната генерација за среќен живот, вели Димитров.

Тој смета дека темата на изборите не треба да биде иднината на нашата земја.

-Мислам дека главната тема на претседателските избори треба да биде иднината на нашата земја. Како до подобар живот за нашите граѓани, како да не се мислиме што ќе биде со нас, дали ќе не биде и тука ќе се судрат двата наративи, едниот на надежта и другиот на стравот. Јас мислам се работи за последни денови овој процес на широки консултации околу кандидати за претседател е при крај. Има консултации со граѓаните преку анкетите, преку фокус групи, консултација со политичките играчи, партиите во коалицијата, вон коалицијата. Мислам дека има многу квалитетни луѓе, бидејќи многу е важно владата во идниот претседател да има принципиелен партнер за да го фатиме патот и да ги искористиме овие години пред нас коишто можат да бидат златни години, бидејќи искуството на другите земји коишто влегле во НАТО и зачекориле кон ЕУ, покажуваат дека тие години се годините на вистински промени, на економски развој. Ние дома да се договориме да туркаме сите напред, да не биде дел да туркаме напред, дел да влечеме назад, вели Димитров.

Поврзани новости