Собранието ќе пресече дали Вељановски ќе оди во притвор

by fokus

Собраниската седница на која ќе треба да се расправа за дали да му се одземе пратеничкиот имунитет на пратеникот Трајко Вељановски сѐ уште не е закажана за денеска. Извештајот од комисијата за мандатно-имунитетни прашања синоќа е испратен до Претседателот на Собранието Талат Џафери кој според деловникот треба да ја закаже седницата за денеска.

-Тоа значи дека се исполнети сите услови за Претседателот на Собранието да закаже пленарна седница во предвидениот рок(недела). Немањето став на Комисијата, во никој случај не значи дека Собранието не треба да расправа по барањето од Судот, напиша на својот профил претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски.

По два дена жестока расправа, со четири гласа „за“ и четири „против“ пратениците ја завршија расправата за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот претседател на Собранието Вељаноски.

Вељаноски заедно со екс министрите, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април.

Поврзани новости