101-годишник од италијанскиот град Римини го победи корона вирусот

by fokus

Еден од најстарите пациенти заразени со вирусот Ковид-19, 101-годишен маж од италијанскиот град Римини, се опорави од вирусот, јавуваат денеска италијанските медиуми.

Добрите вести за 101-годишникот ги пренесе заменичката-градоначалник на Римини Глорија Лиси, велејќи дека „г-дин П. успеал“, и дополни дека тој синоќа ја напуштил болницата во Римини и „заминал кај своето семејство“.

- Advertisements -

Во Италија, каде што повеќе од 60.000 луѓе се заразени со коронавирусот, се очекува дека оваа недела ќе биде клучна за резултатите од строгите мерки преземени од Владата на земјата.

Поврзани новости