100-ти меч за Пандев против Летонија: Што вели легендарниот Мурињо за струмичката икона?

by fokus

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Горан Пандев ќе го одигра својот 100-ти натпревар против Летонија.

Струмичката легенда е еден од нашите најдобри фудбалери изминатите неколку децении, а пофални зборови за Пандев има и Жозе Мурињо, со кого заедно соработуваа во Интер.

„Горан Пандев е веројатно најдобриот играч во историјата на Македонија. Играч со невиден преглед во играта, креативец, непредвидлив дриблер, фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во фудбалската формација. Генијалец кој игра со леснотија, кој толку добро ја познава фудбалската игра, како ретко кој фудбалер. Секогаш колегијален, секогаш за тимот, играч кој многу ни помогна да дојдеме до титулата во лигата на шампиони. Фудбалер кој би бил првотимец и носител на играта и во многу поголема фудбалска репрезентација. Со еден збор лидер, легенда, човек со кој имав одлична соработка и за кого секогаш ќе зборувам во суперлатив“, вели Мурињо.

ФОТО – ФФМ

Поврзани новости