Околу 100.000 луѓе демонстрираа денеска во центарот на Лондон барајќи итен прекин на огнот во Газа.
Извикувајќи „Слободна Палестина“, носејќи транспаренти и веејќи палестински знамиња, демонстрантите на крајот се собраа на Даунинг стрит, официјалната резиденција на британскиот премиер Риши Сунак, објави Ројтерс.
Полицијата процени дека на протестот наречен „Национален марш за Палестина“, организиран од Кампањата за солидарност на Палестина, учествувале 100.000 луѓе.
На многу транспаренти беа испишани антиизраелски пораки, а еден демонстрант држеше транспарент со слики од Сунак, американскиот претседател Џозеф Бајден и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со порака: „Барани за воени злосторства“.
Протестот помина мирно и нема информации дека некој од учесниците е уапсен.