69
Лидерот на Демократското движење и дел од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити денеска соопшти дека околу 10 илјади граѓани од дијаспората ќе гласаат на изборите на 8 мај.
Според него, тоа е дополнителна мотивација за сите што живееме тука, „да издвоиме пет минути за да гласаме, со цел да се заокружи промената на политичката сцена“.
Меџити рече дека како здружена коалиција не повикуваат на бојкот во вториот круг на претседателските избори, туку „нивните гласачи сами да одлучат да гласаат за подобриот кандидат“.
-За кого ќе гласаат мислам дека ние ги немаме во џеб, тие се гласови кои што гласаа со убедување, и пак ќе гласаат како што е нивното убедување за подобриот кандидат, вели Меџити.