Откако вчера Основниот суд во Штип вчера ја донесе одлуката рудниците Добрево и Тораница, кои беа во сопственост на индиската фирма „Индо минерали и метали“ да заминат во стечај, од денеска 1.000 рудари кои беа вработени во двата рудника се под Агенцијата за вработување. Тие ќе добиваат паричен надоместок најмногу до 18 месеци, во зависност од работниот стаж.
Рударите четири месеци немале земено плата, а сопственикот „Индо минерали и метали“ една година не и ја платил концесијата на државата. Стечајот го покрена фирмата „Автотехна“ ДОО Скопје, а и се приклучила и други доверители на кои „Индо минерали“ им должела по различни основи: поправки и одржувања на опремата и машините во рудниците, за храна, транспорт.
Министреството за економија го раскина договорот за концесија со индиската фирма и сега ќе се обиде да најде нов концесинер кој би продолжил нормално да работи со рудниците. Од синдикатот на рударството велат дека има заинтересирани компании за рудниците Тораница и Злетово.