Првиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски, на трибината на ВМРО-ДПМНЕ се осврна на почетните години по формирањето на партијата, кога, како што рече тој, партијата била во тешка финансиска кондиција и во своите редови примала само вистински вмровци.
-Живеевме во еден друг период кога самите луѓе не можеа да поверуваат дека се случи распадот, а нормално дека со појавувањето на ВМРО-ДПМНЕ, можеше сите да се легитимираат како симпатизери, односно како членови на партијата. Тие периоди беа тешки, а да не зборувам од финансиски аспект, но нашата емотивност и нашата заложба и завет од предците наши го проценивме моментот дека мораше да се основа партијата. И така тргнавме од град во град, од село во село, во партијата се зачленуваа само лица со вмровски соеви и ген – истакна Змејковски.
Сепак, тој не се осврна од истите аспекти на развојот на партијата откако партиски лидер стана Никола Груевски, период во кој партијата е финансиски доминантна во однос на сите политички конкуренти, а во своите органи и структури инкорпорираше луѓе без ниту еден стаж во ДПМНЕ, па дури и прифати луѓе од други субјекти.