Жерновски ќе го тужи Стевчо Јакимовски за клевета

by Фокус

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски ќе го тужи за клевета својот колега од Карпош, Стевчо Јакиковски поради вчерашното интервју во „Вечер“.

– По повеќе изречени навреди и клевети на разни начини и во разни прилики на кои не сакав да одговорам, препишувајќи го сето тоа на стилот и начинот на кој господинот Јакимовски се пресметува со сите кои не мислат и не дејствуваат како него, овој пат ќе поднесам тужба пред надлежниот суд, со која ќе барам да се утврди неговата одговорност за клевета и за навреда за изјавените клевети, навреди и инсинуации во споменатото интревју – вели Жерновски во денешниот допис до медиумите.

Тој смета дека Јакимовски со своите навреди и клевети ги преминал сите граници.

 

 

 

Поврзани новости