Се надевам дека Тамара го најде својот мир, затоа што ние тука не и го дадовме. Ниту нејзе, ниту на нејзиното семејство. Сите ние чувствуваме револт и тага за Тамара. Но прашањето кое треба трезвено да го поставиме е: Кој ќе ја превземе одговорноста?!? За тој одговор треба да инсистираме. Цел ден може да пцуеме и се нервираме, но не смееме да дозволиме вакво нешто во иднина да се повтори.
Имено, да се потсетиме на некои работи..
Родителите на Тамара побараа помош од граѓаните откако Фондот одби да им одобри операција во странство со образложение дека девојчето може да се оперира на клинички иако поради сложеноста на случајот ниту еден доктор од таму не се нафати на ова. Под притисок на јавноста министерството попушти и најави позитивен исход:
„(21.11.2014) Државата ќе го плати лекувањето на Тамара во странство. Ова го вети министерот за здравство Никола Тодоров.“ Ова ветување ја стопираше хуманитарната акција за собирање средства за помош и операција за Тамара. Целиот случај како да беше решен, но тука проблемот почна да се зголемува…
Од најавите за помош од министерството, родителите на Тамара секојдневно беа маткани нит институциите, со разлози – овој документ фали, оној треба да го донесете. Со тек на времето, ситуацијата на Тамара се влошуваше, паниката растеше, а никој на тоа не стави внимание. Неагилноста и несовесноста на државните институции донесоа смрт за Тамара, девојчето кое заслужи продолжена надеж и помош од државата КОЈА И ГО ВЕТИ!
И да, знам дека може не треба да правам споредба, ама па ме боли бре и сум револтиран и како родител и како совесен граѓанин кога гледам дека нашите пари се трошат на музи кои коштаат 880.000 евра и скулптурите од по 412.000 евра. (Поставени се пред неколку дена на кеј). Криво ми е што милион евра се дадени за патни трошоци на пратениците. Така а?! А бе операцијата на ТАМАРА чинеше 30 000 евра! 30 000 ебани евра за да се спаси еден детски живот. Но сите ние сме криви што државните приоритети не ги ставаме под знак прашалник..
Затоа прости ни Тамара што нашата наведната глава не ти дозволи да одиш исправено и гордо. Нека ни простат и твоите родители. Иако барам прошка, јас никогаш нема да им простам на нашите институции за ова, макар ми го дадат и најдоброто и најмалку болно објаснување за нивната неагилност и ноншаланстност!