Владата доставила предлог до „Македонски телеком“ за разрешување на сегашните и назначување на нови членови на Одборот на директори, според кој за член на Одборот на директори се предлага и Замир Мехмети, еден од таканаречените шарени командоси кои со пластични пушки наполнети со боја, ги боеја барокните фасади  на државните институции од проектот Скопје 2014.

Владата ги предлага Горан Трајановски, кој треба да биде избран и за главен оперативен директор, како и Сашо Велевски, Замир Мехмети за неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска за неизвршен независен член, Анета Симеска и Назим Буши кој треба да биде реизбран.

Разрешени треба да бидат Жарко Луковски, Панче Кралев, Небојша Стајковиќ, Александар Стојков и Владимир Здравев.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.