Заев се сретна со извршен директор на Светска банка

by fokus

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, од вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и од министерот за финансии Драган Тевдовски, оствари средба со извршниот директор од бордот на директори на Светска банка, одговорен за конституенца од 13 земји, Франк Хемшкерк.

Премиерот Заев, пред господинот Хемшкерк истакна дека Владата е посветена и како приоритет го има реконструирањето и подобрувањето на инфраструктурата во Република Македонија како основен предуслов за развој на економијата.

Претставувајќи ги приоритетните заложби на Владата, премиерот подвлече дека оваа Влада ќе ги искористи сите резерви и капацитети за да го зголеми БДП, да отвори повеќе работни места и да привлече повеќе капитални инвестиции во земјата.

Хемшкерк, на средбата ги презентираше можностите за понатамошна соработка и поддршка на владините реформи во делот на инфраструктурата, образованието, здравството, енергетската ефикасност, како и во делот на поддршка на владините напори за привлекување на странски и домашни инвеститори, нагласувајќи дека на силна влада и требаат иновативност и упорност во креирањето нови работни места.

Поврзани новости