637
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се сомнева дека за време на изборите бил под посебни истражни мерки, односно дека бил следен и прислушкуван од службите. Ова Заев го изјави пред неколку часа во интервјуто кај Оливера Трајковска на „24 вести“.
– Предвидливоста на Заев е лесна ако знаете дека Груевски ве следи, ве снима со посебни истражни мерки. И во саботата, на денот пред изборите, обидувајќи се да воспостави комуникација заради менаџмент на изборниот ден го прашувам: Потврди или демантирај! Дали има посебни истражни мерки врз мене како претседател на најголемата опозициска партија? Ми вели: Викенд е, не можам да ти кажам! – изјави Заев во емисијата „Вин-вин“.