Заев: Договорот за добрососедство ги задоволува двете страни, Бугарија безусловно ја поддржува интеграција на Македонија

by Фокус

Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија одговара на народните на двете држави и ги прави подеднакво задоволни двете држави, изјави деенска премиерот Зоран Заев, откако владата синоќа ги профати текстот од договорот.

-Договорот е основа за добрососедство и пријателство и ќе помогне за поврзување на патната и гасната инфраструктура, ќе ја унапреди трговија на стоки и капитал, зошто трговската размена да не биде милијарда евра? Потоа, договорот овозможува царински и гранични олеснувања, ќе ја олесниме заедничката европска идинина и економската соработка меѓу бизнисмените, застанува заеднички против говор на омраза, национализам и провокации и заедно ќе ја спречуваме недовербта – рече Заев.

Тој додаде дека Бугарија цврсто го подржува приемот на Македонија во ЕУ и НАТО без условувања, бидејќи европската иднина и е потребна на земјава, но и на целиот регион.

-Ова е заеднички успех на сите партии и влади, бидејќи оваа влада го финализираше процесот почнат во 2009 година. Имавме конструктивна дебата во парламентот, каде споделивме заеднички грижи, и очекувам опозицијата, која даде конструктивни забелешки, да учествува во заокружувањето на процесот и да даде поддшка на договорот – истакна премиерот.

Според него, договорот ќе биде потпишан на македонски и бугарски јазик согласно уставите на двете држави и тој нема да може на ниту еден начин да се толкува спротивно на преземените обврски согласно меѓународното право.

Поврзани новости