За нас е прифатливо се што е во рамките на Уставот и потребите на граѓаните Албанци или од било која малцинска заедница, изјави денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој потврди дека синоќа ДУИ им доставил документ со предлог решенија за Законот за употреба на јазиците.

-Предлогот да е уставно издржлив и уставно издржан и да ги одразува практичните потреби на граѓаните. Со вака широко доставени рамки не знаеме кога ќе донесеме одлука. Како што реков предлогот стигна доцна синоќа и го разгледуваме, рече Заев.

Тој додаде дека лично не го видел документот што содржи, но работна група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска го разгледуваат материјалот.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.