Во Собранието денеска ќе продолжи расправата за Законот за јазиците

by fokus

Пратениците денеска на напладне, во законодавниот дом, ќе ја продолжат расправата за Предлог законот за употреба на јазиците во прво читање. Пратениците шести ден ќе расправаат за потребата од донесување на овој закон.

Седницата за оваа точка беше прекината ноќеска во 2 часот по полноќ, по барање на пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во досегашната расправа помина обраќањето на десетина пратеници од вкупно пријавените седумдесетина. Пратениците од опозицијата обвинуваат дека законот е противуставен и бараат негово повлекување, додека според парламентарното мнозинство законот е во согласност со Уставот и со него не се нарушува унитарниот карактер на државата.

Поврзани новости