„Заев пушта на слобода криминалци во пресрет на локалните избори. Со ова Владата на СДС станува синоним за бандитизам и криминал. СДС се става на страната и во заштита на криминалот, се наведува во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
– Овие луѓе со кривични дела зад себе ќе бидат ставени во функција во изборниот период. Заев знае дека ќе загуби и сега се ориентира кон недемократски методи кои значат корупција и рушење на демократскиот амбиент за избори. SWOT анализата на СДС која излезе во јавност јасно покажа дека силна страна е злоупотребата на МВР во функција на локалните избори. Значи ја имаат МВР, а сега и криминалците како Красниќи и Сејдиу кои се на слобода. Ослободувањето на осудени криминалци, е со цел да се вклучат во изборниот процес и преку недемократски средства да ја извлечат СДС од изборниот пораз кој им следи – се наведува во партиското соопштение.