ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Ибраимоски, Мерко, Шекеринска.. од чауши, преку хаџибулиќи

by fokus

Од чауши, преку хаџибулиќи, па сѐ до соколи. Сите соработници на Заев се бирани за да одговараат на криминалниот карактер на партијата. Колку поголем криминалец, толку повисока функција, регираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ за пресудите за градоначалниците Ристески и Панов.

Со листа на имиња, опозиционата ВМРО-ДПМНЕ ги наведува обвинувањата и кривичните дела што им се припишуваат на функционери од СДСМ.

„Зоран Заев – тежок криминалец, два пати аболициран. Еднаш за криминал од 8 милиони евра за „Глобал“ од страна на Бранко Црвенковски. Втор пат за случајот „Пуч“. Во моментов е обвинет за земање поткуп од 200.000 евра за Вицето. Цела јавност го виде како бесрамно бара пари „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“.

Самка Ибраимоски – политичар без никакви успеси во својата политичка кариера. Позади него има голем скандал, во 2011-та година тој за да купи гласови за СДС од Ромите, им даваше расипано месо. Товарните возила со расипаниот артикл беа лоцирани во близина на куќа во која е сместен изборен штаб на СДС.

Рамиз Мерко – осомничен за злоупотреба на службената должност и е под истрага од страна на ОЈО. Мерко воедно е под истрага за злоупотреба на постапката при јавен повик. Мерко на градоначалничката функција го замени Зијадин Села, сегашниот коалициски партнер во новата влада, кој го обвинуваше дека кога го водел градот ја злоупотребил службената положба и во два наврати овозможил незаконска легализација на делови од Меѓународниот универзитет, со што го оштетил буџетот на општината за над 70.000 евра.

Радмила Шекеринска – запаметена по бонбона бизнисот со продажбата на ЕСМ, сметката за таквиот бизнис, граѓаните на Република Македонија ја плаќаат и денес. Згора на сето тоа Шекеринска сама на себе си изнајмуваше станови.

Списокот е долг.  Прочитајте што вели вашиот Шиповиќ за вашиот Жерновски“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани новости