ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски ја манипулира јавноста, бројките за неплатени обврски на државните институции се паушални и неточни

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната прес-конференција за неплатените обврски на државните институции изнел паушални и неточни бројки за што говорел и фактот што, како што наведуваат во реакција, не знаел да каже кога и како овие наводни долгови биле направени.

„СДС е сега власт и ја има одговорноста да се грижи за државата и економијата, а не преку празни и бледи прес-конференции да ја манипулира јавноста и да наоѓа секакви оправдувања за да избегне од реализација на ветувањата дадени на граѓаните“, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, министерот Тевдовски зборувал за презадолженост на државата кон стопанството, но стопанствениците вчера го кажале токму спротивното. Кога Тевдовски зборува за задолженост веројатно мисли на 70-тината милиони евра или речиси 4,5 милијарди денари кои тој преку аукции на државни хартии од вредност ги направи во последните четириесетина дена, се потенцира во реакцијата.

 

Поврзани новости