ВМРО-ДПМНЕ сака и парламентарни избори заедно со локалните

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ повторно посочува дека доколку парламентарното мнозинство собере храброст, најдобро за државата и за граѓаните ќе биде, да се согласат заедно со локалните, на ист трошок, да се организираат и нови парламентарни избори, рече денеска на прес конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој изрази очекување дека новото парламентарно мнозинство ќе си остане на зборот за одржуивбање на локалните избори, откако на координацијата кај претседателот на Собранието Талат џафери политичките партии договорија тие да се одржат на почетокот на октомври.

 

Поврзани новости