Шекеринска: Обвинителството ќе биде соучесник ако го игнорира насилството во Собранието

by fokus 15:41
15:41

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска денеска даде исказ пред обвинителството за насилствата на 27 април во законодавниот дом.

– Едниот од насилниците ме удри директно во глава и не знаев на кој начин таа повреда ќе се одрази, дали ќе можам да стојам на нозе, дали ќе можам да одам, дали ќе можам да ја напуштам просторијата, дури потоа вториот насилник ме повлече за коса со желба да ме удри на земја и да ме сруши. Овие настани, мислам дека долго време ќе останат во нас како потсетување што се може да се случи кога насилници нема да сакаат да ја предадат власта. Пораката која сакам и денеска да ја упатам до Јавното обвинителство на Република Македонија е дека е неприфатливо кога група на насилници напаѓаат на нашиот живот, здравје, егзистенција, не само како пратеници, пред се како граѓани на оваа држава. Кога не напаѓаат со тешки предмети, кога не напаѓаат со цел да не убијат, не може единственото дело за кое ќе се процесуираат, да биде Учество во толпа, изјави Шекеринска.

- Advertisements -

 

Поврзани новости