ВМРО-ДПМНЕ не го признава Законот за јазици и ќе го оспори пред Уставниот суд

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка пред Уставниот суд за денеска донесениот Закон за употреба на јазиците.

-Денес имаме флагрантно кршење на Уставот. Денес СДСМ и Заев ја поништија волјата на граѓаните. Од оваа одлука никој нема да живее подобро. Само затоа што две партии се договориле, изгласаа неуставен и штетен закон. Ваквиот чекор е удар врз соживотот, некој свесно не турнува во сценарио во кое влогот е Македонија. Власта претходно ги одби и остана нема на нашите молби да не се донесе овој Закон, ги одби нашите предлози да се разговара и да се исправат спорните точки од законот. Очигледно концесијата е поголема од значењето. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Талат поради кржење на Уставот и Законите. ВМРП-ДПМНЕ овој закон нема да го признае и ќе поднесе претствака до Уставниот суд. Кога ова безредие ќе забрши многу работи ќе бидат поинавки. Злосторниците ќе бидат казнети. ВМРО-ДПМНЕ останува да биде гласот на народот, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости