Влегол кај баба дома да се сокрие, за да не го убијат

by Fokus

Седумдест и тригодишна старица пријавила во полиција дека во нејзината куќа влегло непознато лице во кое било пукано со огнено оружје.

Според инфорациите во дневниот билтен, вчера околу 18,40 часот Д.Т.(73) пријавила дека во нејзината куќа на улица “Божин Николов” во Скопје влегло непознато машко лице и побарало помош бидејќи непознати лица пукале во истиот со огнено оружје.

Од страна на полициските службеници кои излегле на местото на настанот констатирано е дека се работи за лажно пријавување. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодвете поднесок.

Поврзани новости