Владата обезбеди пари за 3.000 стечајци и за дислоцирање на депонијата во Струга

by fokus

Предлог законот за за материјално обезбедување на стечајните работници влегува во Собрание. Владата на синоќешната седница го прифатила законското решение со кое се опфатени 3.000 стечајци. За оваа мерка веќе се обезбедени финансиски средства со ребалансот на Буџетот.

За времено решавање на проблемот со депонијата во Струга, Владата одлучи да издвои и 195.000 евра од резервите на Буџетот. Средствата ќе бидат наменети за компресирање и транспорт на сметот од депонијата во Струга на друга локација.

Поврзани новости