Владата му даде зелено светло на Заев да го потпише договорот за добрососедство со Бугарија

by Фокус

Владата соопшти дека на синоќешната посебна владина седница го прифати Извештајот за извршените преговори за текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија и го прифати усогласениот текст на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

„Владата донесе одлука со којашто се определува претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, да го потпише Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. За ова ќе следуваат конкретни информации за јавноста“, стои во соопштението од Илинденска.

Поврзани новости