(ВИДЕО) Мицкоски: Неефикасното и зависното судство останува рак рана

by fokus

Владата ветуваше „општество во кое нема место за корупција“, но сега и официјално Македонија е означена како најкорумпирана држава во Европа, реаграше денеска преку видео-обраќање претедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-За 9 месеци оваа влада нема превземено ниту еден единствен чекор за сузбивање на корупцијата која го разјадува општественото ткиво. Неефикасното и зависно судството останува рак рана, неефикасни институции, отсуство на професионалност во раководниот кадар на полицијата, исклучително корумпиран менаџмент во здравство, како и широко распротранета корупција на институциите кои се во непосреден допир со граѓаните се само мал дел од големата слика за тоа каква држава сме денес, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости