Интерпартиската парламентарна група за ЛГБТ без членови од ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Со Собанието денеска се формираше Интерпартиската парламентарна група која ќе работи на унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата.

Од невладината организација ХЕРА информираат дека Интерпартиската парламентарна група ќе ги застапува и ќе работи на унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата, користејќи ги достапните механизми на Собранието за градење на општество во кое сексуалната ориентација и родовиот идентитет нема да претставуваат пречка за целосно уживање на човековите права и слободи.

Во Групата членуваат 13 пратеници од различни политички партии, но не и од најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Членови на Групата се: Лилјана Поповска (ДОМ), Маја Морачанин (ДОМ), Бранко Манојловски (ДУИ), и независните пратеници Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Ирена Стефоска, Јулијана Николова (ЛДП), Никица Корубин (ЛДП), Петар Атанасов (СДСМ), Јагода Шахпаска (СДСМ), Соња Мираковска (НСДП), Славица Шуманска Митева (СДСМ) и Александар Кирацовски (СДСМ).

Координаторката на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето е Маја Морачанин.

Поврзани новости