ВИДЕО Џафери ја прескокна точката за Законот за јазиците

by Fokus

Претседателот на Собранието,Талат Џафери на денешната седница го прескокна Законот за јазици и продолжи со другите точки на дневниот ред.

Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, бараа пауза од половина час, парламентарното мнозинство го изгласа законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Поради извикувањето на пратениците од опозицијата, седницата не можеше да продолжи по што Џафери даде пазуа од еден час.

Неизвесно е дали по продолжување на седницата ќе продолжи расправа за Законот за јазиците.

М.В.

Поврзани новости