ВИДЕО Брутално насилство во прес центарот во Собранието

Слободна Европа објави видео снимка од вечерашниот тежок инциден во македонското Собрание. На видеото се гледа како демонстрантите на „ За заедничка Македонија“ вршат насилство врз пратениците, заробени во собранискиот прес центар.

Во Собранието вечерва повредени се пратеници, цивили и полицајци. Насилнички беа нападнати пратениците Зоран Заев, лидерот на СДСМ, Радмила Шекеринска, потоа и Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Максим Димитриевски како и пратеникот Зијадин Села.