ВИДЕО Богоев: Бараме укинување на екстерното веднаш

Во предлог законот што го доставивме до Собранието се бара укинување на екстерното тестирање веднаш, изјави денеска пратеникот Стефан Богоев.

– Бидејќи не е обемен закон, односно се бара само укинување на екстерното, ние употребивме можност од Деловникот за да може да го предложиме по скратена постапка, бидејќи сме свесни дека роковите течат. Законот е поднесен и очекуваме на првата наредна седница да биде ставен на дневен ред – рече Богоев.

Пратеничката Ивана Туфегџиќ посочи дека укинувањето на ектерното тестирање е прв чекор во сеопфатните реформи во образованието.

– Сега е приоритетно да се укине екстерното тестирање, за да сопре малтретирањето и на децата и на родителите и на професорите -рече Туфегџиќ.