ФАБРИКА ЗА ПАСОШИ
Анонимен граѓанин до „Фокус“ достави ексклузивен видеоматеријал и 14 фотографии од кои се гледа дека во приватен стан или куќа, рачно се изработувале пасоши кои можеле да бидат употребени за изборни цели
ПОЛИТИЧКИ ЖРТВИ
По повеќе од две и пол години од велигденскиот масакр, екипа на „Фокус“ разговараше со семејствата на убиените момчиња кај Смилковското езеро кои откриваат дека до нив допираат шокантни информации за тоа кој сѐ е извалкан со крвта на нивните деца
РЕФОРМИ БЕЗ УКА
Наместо да ги впрегне државните институции да расчистат со универзитетите што продаваат дипломи и научни титули, премиерот Груевски им дели лекции на студентите како со државен испит, а не со пари, да си ги заработат дипломите
НАРЦИС СОГЛАСНО УСТАВОТ
Министерката Јанкулоска ја оценија како најпаметна од министрите на Груевски во 2006-та, ама без капацитет да креира крупни политички одлуки. Три години подоцна, веќе беше верификувано дека е само лојален послушник од првиот ешалон на пастирот
ГЕБЕЛС ОД НАШИОТ СОКАК
За да ја спастри железната пропаганда, која, според Гебелс, не може да има успех ако не е контролирана од еден центар, ДПМНЕ реши сите пропагандистички филијали во медиумите да ги потчини на новата, партиска шапилографија која со поголема партиска страст ги пренесува скандалозните црнила на режимот
ПРИТВОР ПО „ГРЕШКА“
Додека Србија и Црна Гора јавно ги објавуваат податоците за неоснованиот притвор, Македонија се уште се обидува бројките да ги сокрие под тепих. Сепак, откривме дека годишно околу 60 македонски граѓани, ниту криви ниту должни, завршуваат зад решетки
ПАЈАКОТ И ПАЈАЖИНИТЕ
Законите често се како пајажина. Ги фаќаат малите муви, ама големите бумбари си поминуваат низ нив без дури и да ги почувствуваат. Кога ќе пролета бумбарот низ пајажината, таа се кине, ама тука е пајакот, неуморно да ја закрпи пак својата мрежа за во неа да фати уште некоја мува или мушичка
Колумнисти
Стојан АНДОВ
Политичките дејци мора да знаат дека почнуваат војна за која се знае дека однапред ќе биде загубена. Ако од некои моќни кругови во светот им е шепнато дека таа политика може да ѝ користи на Македонија, треба да подразмислат за вистинските намери на „шепнувачот“
Синоличка ТРПКОВА
Нашата сообраќајна некултура е уште една наша диктатура. Изгледа нема да се смени ни со казни, ни со реклами, ни со кампањи. Уште колку Ивани треба да загубиме на тој крстопат меѓу животот и смртта за да се свестиме и да се ослободиме од ова проклетство?
Џељал ХОЏИЌ
Откако Адеми, Иванов и Груевски се огласија со првите изјави за студентите, како одговор од нив добија вистинско политичко „шамарање“. Студентите го задржаа своето ниво. Не дозволија некој да им залепи етикета дека се партиски мотивирани