1129

by fokus

АПС НА „ЈУСТИЦИИТЕ“ СО ФАНТОМКИ!
Во изминативе 27 години независност, како критичар на сите власти, ги оправдував смените на кормилото на јавното обвинителство, ама и ремонт на судството. Сега, за првпат се залагам за апс (културно кажано- кривични пријави и обвинителни акти) на НАСИЛНИЦИТЕ на правдата во тоги. Тие беа носечки столб на груевизмот, поодговорен и од Груевски!

ОД ЌОР-СОКАК НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ
Новата Влада не смее, покрај првите 100 задачи, да ја запостави најважната „Задача 101“. Итно темелно и целосно расчистување на Крвавиот четврток и со „злосторничкото здружение“ кое го направи. Тоа беше налудничаво осмислен и морничаво планиран терористички „парламентарен пуч“ со цел да се сруши Уставниот поредок

ЛИДЕРСКА СМЕНА
Ако победи на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја блокира работата на парламентот и улиците во функција на барањето предвремени парламентарни избори. Ако загуби, пак, Груевски ќе биде дефинитивно принуден да се повлече од лидерската позиција

СУДОТ ЗА КОЧАН МАЈКА, ЗА ДРУГИТЕ МАЌЕА
По два месеци на „службен пат“ Сеад Кочан успеа да си ја купи слободата за помалку од милион евра. „Фокус“ анализира, како милионите не беа доволни за од притвор се спасат браќата Миладинови, Шиповиќ, Перушевски, Рамковски, иако беа осомничени за финансиски малверзации многу пониски од онаа на бизнисменот Кочан

СО МЕЧ ИЛИ НА ШТИТОТ
Дали новиот премиер треба високо да го крене мечот на правдата, веднаш откако ќе ја преземе власта? Секако. Дали новата власт треба да спроведе акција од типот на „Сабја“ во Србија по атентатот врз премиерот Ѓинѓиќ? Да, се разбира. Подобро превентивно, отколку недај боже, пост-хумно

НЕВИДЕНИ ПРИВИЛЕГИИ
Претседателот и премиерот на кој им престанала функцијата во земјава имаат бенефиции за кои би сонувале нивните колеги во регионот. На Груевски ќе му плаќаме лично обезбедување од шест лица, службено возило и возач уште цела декада, колку што бил премиер. Може ли новата власт да ги скрати привилегиите на поранешните функционери?

АВТОПАТСКА МЕГАПЕРАЛНИЦА
Груевски се откажа од изградба на парапетче околу Охрид, ама заедно со Јанакиески успеаја со „жутите“ да истуркаат зделка тешка 375 милиони евра за 57 километри автопат од Кичево до Охрид. Поради сериозни индиции дека асфалтот на автопатот крие мегапералница, СЈО отвори истрага во која се осомничени четворица поранешни високи функционери

ЧЕСТ СЕКОМУ, ВЕРЕСИЈА НИКОМУ
Новата власт при изборот на кадрите би било мудро да се послужи со сличен метод како наследниците на озлогласениот римски император Домитијан за да го избегне поставувањето декадентни и расипани луѓе со срца полни со алчни желби на позиции кои ќе им овозможат да крадат

 

Колумнисти:

Ерол РИЗАОВ
Зоран Заев и политичките лидери што го добија мандатот од над 700.000 граѓани во еден ваков историски значаен момент имаат голема обврска, одговорност, но и шанса да успеат ако цврсто го договорат најважното храбро да тргнат во остварување на петте клучни работи за иднината на Македонија

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Груевски покажа дека се однесува како одамна остарена проститутка, која упорно се шминка и очајно настојува да остане „актуелна“, без да забележи дека времето и животот одамна ја згазиле. Таква беше и колективната журка со државни пари при пуштањето во употреба на новиот објект на Македонската филхармонија

Ана ПАНОВСКА
Еј, сиромав Крсте! Сигурно в гроб се превртува кога гледа дека неговата внука Елена не прочитала ниту еден единствен ред од епохалното дело на својот дедо, „За македонцките работи“! Да имаше прочитано само една страница, наслепо отворена, не ќе се најдеше во тоа друштво и ќе ѝ беше јасно со кого си има работа

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Новата реформска влада мора да им објасни на граѓаните дека никогаш не постоело т.н. „македонско сценарио“ освен во главите на мафијата на власт и нејзините измеќари. Не постоел никаков светски заговор како однапред подготвен план за разнебитување на државата

Александар ТОРТЕВСКИ
Додека Груевски сѐ уште истрчува на некои градилишта и сече ленти, како зависник од власт кого го тресе апстиненцијална криза, некој треба да размислува за чистењето на државата од груевизмот. Тоа, покрај огромните долгови, ќе биде и најтешкото бреме што тој ќе ни го остави во наследство