1130

by fokus

ЌЕ БИДЕМЕ КРИТИЧАР НА ВЛАСТА, АМА НЕ И СОЈУЗНИК НА ДПМНЕ!
Ако „Фокус“, не дај Боже, стане провладин медиум, тогаш и не треба да постои! Оти ако власта станала толку демократска, не ни личи да бидеме Латаси и Мирки, кои станаа симбол и на Бранково и на црно Грујово доба! Ако овие режимски евергрин егземплари, пак, станат поддржувачи на владата на Заев, тоа ќе биде прв аларм дека власта оди во лош правец!

ТРН ВО ЧЕВЕЛОТ НА ПРЕМИЕРОТ
Судирот Беса-ДУИ може да ги загрее односите меѓу владините партнери. Ако нема правда за луѓето од ДУИ кои се огрешиле од законот, Заев тешко ќе го одржи својот антикорупциски имиџ. Ако, пак, Беса заигра на националистичка карта, тоа ќе го храни ДПМНЕ и ќе му нанесе штета на планот за живот

ЕВТИНА ПОНУДА, СКАП ГРАДИТЕЛ
Фирмата „Бауер БГ“ го доби тендерот тежок над 10 милиони евра за изградба на нова зграда на Драмскиот театар, во пет до дванаесет, со потпис на министерката во заминување Елизабета Канческа – Милевска. „Бауер БГ“ е позната по тоа што победува на тендери со најниски понуди, а потоа со анекси ја билда цената

ПАРТИСКО-ДРЖАВНИ ФИРМИ
Речиси 30.000 луѓе вработени во над 100 акционерски друштва во сопственост на државата не се евидентираат во бројот од над 120.000 вработени во јавниот сектор. Податоците на „Фокус“ покажуваат дека во последните 10 години тие го зголемувале бројот на вработените, вработувајќи партиски кадри

ПЛАТЕНИ ПРОПАГАНДИСТИ
Сите „експерти“ од различни области редовно се појавуваа по медиумите бранејќи ги боите на ДПМНЕ – од црниот понеделник, па сѐ до крвавиот четврток. Од долгата листа, „Фокус“ се задржува на медиумски најекспонираните во времето на ДПМНЕ, кои во меѓувреме добија и други функции и добро се нафатираа со пари!

КИСЛОРОД ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО
Длабоки резови во образованието ветува новата Програма за работа на владата 2017-2020. Се чини дека СДСМ инкорпорирала голем број од критиките, кои ги упатуваа студентите, професорите, родителите, учениците. Ветувањата се реалистични, но луѓето се претпазливи во надежта.

БРАЧНИ МЕТАФОРИ ВО ПОЛИТИКАТА
Креативците смислуваат љубовна поезија што ќе си ја праќаат по ес-ем-ес, за да не ги чуе ес-де-ес. Од ВМРО кон Беса: „Ах, срцево по тебе многу ми страда, ајде мори Бесо да направиме влада“. А од овие ќе враќаат: „Еј мој ВМРО и двајцата сме опозиција, ајде да направиме за локалните коалиција.

 

Колумнисти:

Ѓорѓи СПАСОВ
На Косово е можно е да се повторат резултатите од изборите во 2014 година и партиите да бидат принудени како и досега, да прават еден вид широки коалиции за составување влада, каква што беше и досегашната. Но, и тоа нема да биде лесно

Ерол РИЗАОВ
Долго чекавме да видиме како си заминуваат алчните тирани кои во секој поглед, и духовно и материјално, ја опустошија Македонија. Си одат како гусари натоварени со маката на граѓаните, но без грам достоинство и човештина

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Граѓаните од новата власт, реално или нереално, очекуваат многу. Овојпат носителите на власта, наместо привилегии во материјално-финансиска и статусна смисла, можат да очекуваат само критики и повик за одговорност

Ана ПАНОВСКА
Одмазда? Не, никако, бре, драги мои вмровци. Ние, а и целиот развиен свет, таквата појава што вие, за жал, ја доживувате како одмазда и реваншизам, едноставно ја нарекуваме правна држава!