1111

by fokus

СОН ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА
Пастирот може да го прогласи Сорос за главен душман на Македонија, а Трамп мора да стори напор да го испорача. Леле, леле, што раја „ќосиња“ ќе се собере на Александар Велики кога со анџари ќе го пречекаат „еврејскиот нацист“ за да му ја пијат крвта!

„СВАРОВСКИ“ ДЕКЛАСИФИКАЦИЈА
„Сваровски“ судијката Лидија Петрова се плаши во случајот на СЈО против обвинетите седуммина вработени во УБК да искористи класифицирани докази, иако судската пракса покажува дека тоа претходно било правено без проблем

ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА УЧЕСТВУВАШЕ ВО СОЗДАВАЊЕТО НА НЕКОЛКУ ПОЛИТЧКИ ПАРТИИ
Многу јавни личности за кои имав увид дека беа соработници на службата не беа лустрирани… јасно е зошто Јордан Мијалков како прв човек на МВР не беше лустриран, но има индиции дека уште пред тоа имал врски со службите … ДБК креираше неколку политички партии…. Ова се неколкуте поенти од разговорот со компетентен соговорник, затоа што беше на чело на ресорот Внатрешни работи на преминот од стариот режим во повеќепартизмот, Јово Трпеноски.

„ИНТЕГРАТИВНИ“ ПРОФИТЕРИ
Фирмата „Супорт Солушнс“ која се најде на листата на донатори на ДУИ, е основана од белгиската „Катоен Натие“, која во земјава ја донел ексминистерот и директор на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида, чиј брат Аритон Фида, пак, од неодамна е вработен во оваа компанија

МОЛК ЗА „БОЛНИТЕ“ ГЛАСОВИ
Пред изборите „пукна“ афера дека лекарка од скопска Геријатрија масовно издавала потврди за „неподвижни“ лица за да гласаат ден пред изборите. Кои се триесетината пациенти што се нашле на листата и зошто директорката на Геријатрија не сноси никаква одговорност за овој случај?

МАКЕДОНИЈА НЕ Е АМЕРИКА, АМА МОЖЕ ДА СТАНЕ
Со Трамп на чело, дури и не по негова вина, Америка е на сериозен пат да заличи на Македонија. Во позитивен или во негативен контекст, тоа зависи од самиот Доналд Трамп и како тој ќе избере да владее. Но, како Македонија да заличи на Америка? Кој треба да застане на чело и да нѐ поведе на тој пат?

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Сè додека не се обзнани содржината на „прислушуваните“ разговори за кои се утврди дека се дело на УБК, Република Македонија ќе биде заробена држава. А во заробена држава реално ќе имате и заробен ум или безумие како основна одлика на политичките процеси и практикувањето на власта

Ана ПАНОВСКА
Понекогаш се прашувам кое чувство преовладува кај Груевски: стравот од затвор или полуденоста по власта и сласта за моќ. Ќе да е ова второво. Ако не остане на власт, богами се плашам дека ќе крене рака на себе. Тоа за сите нас е многу опасно, зашто таквите луѓе се обземени само со една мисла: По мене, потоп.

Jове КЕКЕНОВСКИ
Еден поранешен пратеник од албанско етничко потекло, пред неколку години во својот допис до тогашниот премиер Груевски јавно му порача дека „ќе го снајде судбината на Милошевиќ“. Се чини дека оваа порака полека почнува да се реализира

Рамадан РАМАДАНИ
Чекањето на поповолен светски момент за враќање на кошмарот за Македонија со обид за составување „Халкидики влада“ меѓу ДУИ и ДПМНЕ го исклучувам оти, сепак, српскиот воз не влезе во Северно Косово, а Милорад Додик од Босна, кој се надеваше на Доналд Трамп заврши на американската црна листа