1112

by fokus

„ПУЧ“ КАКО МУЧКА
Главниот адут на груевци е дека Костовски од УБК признал се за „Пуч“. Имало ли закани да му изнудат спогодба? Особено што од првата до четвртата негова изјава има драстична разлика? Да не е во прашање, како што вели Прибе, „блага пресуда како награда за учество во прикривање на вмешаноста на други“!?

ГРУЕВСКИ КАКО ЈАЈА ЏАМЕ
Немам увид во планот „Б“ на Груевски, но поради неговата авторитарна природа, убеден сум дека ќе се обиде да спречи влада на СДСМ. Што и да прави, мора да знае оти сценаријата што ги има в глава можат да ја нарушат безбедносната состојба. А потоа може да заврши како диктаторот на Гамбија!

СНЕГОТ ГИ ОТКРИ „ЅВЕРКИТЕ“
„Македонија пат“ избра три компании за одржување на патиштата во зима, кои си поделилте 1,5 милиони евра, но патиштата останаа затрупани со снег. Фирмите се главно блиски до ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ

ИЏЕТ МЕМЕТИ: ИМАМ ГРИЖА ЗА СОВЕСТ ЗА „ЦРНИОТ ПОНЕДЕЛНИК“
Со народниот правобранител Иџет Мемти, разговаравме на повеќе актуелни теми. Ги истражува сомнителните смртни случаи во затворите, но вели дека не успеал да ја доврши истрагата за нелегалното прислушување. Мемети зборува и за „црниот понеделник“, кога многумина му зедоа за зло зошто не го осуди насилството во Собранието. Тој признава дека настанот му останал како товар

ГРАДЕЖНА ФИРМА НА „ПОЗНАТА АДРЕСА“
Според податоците на Бирото за јавни набавки, градежната фирма „Иванов инженеринг“ е меѓу лидерите добитници на тендери за градежни активности за Владата, министерствата и општините. Подружница на фирмата се наоѓа на адресата на семејната куќа на екс министерот Миле Јанакиески

МИЛОШОСКИ ЦЕЛОСНО ГО ПАРТИЗИРАШЕ МНР, А ПОПОСКИ ГО ДОВЕДЕ  ДО НИВО НА АПСУРД!
Од 2004 година до денес, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ додека утврдуваа дали сум нивни, или чиј сум, ми ги упропастуваа професионалниот живот и кариера до ова ниво да го тужам МНР за тешка форма на дискриминација со продолжено дејство. Сѐ уште трае, вели Тони Петровски, долгогодишен дипломат, во разговор за „Фокус“

КУЌНИОТ ПРИТВОР, НАГРАДА ЗА ТАЛЕСКИ?
На стотина дена пред локалните избори, со своето криминогено однесување, ситуацијата на Груевски му ја отежнува битолскиот градоначалник, кој ќе остане запаметен како единствениот „татко на градот“ кому му беше одреден домашен притвор. Но, тоа не е и неговиот единствен грев

НЕМА ДА СЕ СРАМАТ
Денешните репрезенти на „вмро“ не се спремни да го дадат животот за да не паднат во рацете на душманите на Македонија, оти тие се душманите на Македонија и се спремни сѐ да дадат само да не паднат во рацете на СЈО, па дури и да ги предадат идеалите на оригиналните припадници на ВМРО

 

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Упорноста на непродуктивното опстојување на политичкиот курс на ДПМНЕ води до заклучок дека е крајно време „лудаците“ да заминат во лудница, но само под услов – ако се навистина лудаци. Ако само глумат лудило да го изнајдат личниот спас за сторените криминали, тогаш местото им е в затвор

Ана ПАНОВСКА
Со право се плаши Ахмети од сопствените гласачи, а и од дел од неговите пратеници од новиот состав на парламентот. Ако се престраши и се реши да тргне во едно големо непознато, ќе се сретне со нешто што не го доживеал досега: да извиси од своите среде парламент. Затоа и многу размислува

Рамадан РАМАДАНИ
ДУИ и ДПМНЕ личат на пар, кој решил да оди на одмор на Халкидики, среде зима. Но патот до таму е завеан. Се обидуваат преку Албанија и Косово, но таму кривините се уште пострмни. А најголем хендикеп за нив е дека сите знаат оти во некои станови на Халкидики има камери?!