Венко Глигоров: Со евентуалното име „Република Македонија (Скопје)“ може да не нарекуваат Скопјанци

by fokus

Да си го кажам мислењето за евентуалното ново име “Република Македонија (Скопје)”. Веројатно е познато за политичарите, но ова име гледам е прифатливо за некои експерти. За мене не е прифатливо.

Следново треба да се има предвид … На пример, постои држава со официјално име “Република Кина (Тајван)” – тоа е држава во која живеат Кинези, а цел свет ги нарекува Тајванци или државата ја нарекуваат Тајван. Тајван има спор со Кина како што и ние имаме спор со Грција – за волја на вистината нивниот спор е сосема различен од нашиот, но е сепак спор.

Со евентуалното ново име Република Македонија (Скопје) се создаваат основи за официјализирање на наметнатиот назив од страна на Грција – тие не’ нарекуваат Скопје и како да сме Скопјанци. Воедно, во некои од светските бази за пребарување или листинзи за земји, постои опасност да не’ ставаат на буквата С наместо на М (во некои случаи сме и на Ф заради FYROM). Во повеќе од 90% од случаите со ваквите бази и листинзи, Македонија сега се наоѓа на буквата М.

Со оглед на погоре кажаното, спротивно на некои експерти што кажуваат дека евентуалното име Република Македонија (Скопје) не задира во идентитеските прашања, имплицитно и на долг рок го менува идентитетот на Македонија од Македонија во Скопје.

Поврзани новости