Утре се очекува партиите да се усогласат околу изборната регулатива

by Фокус

Откако и вчера не беше постигнат договор за изборната регулатива, иако беа оставрени билатералните средби на белгискиот експерт Питер Ванхауте со преставниците на политичките партии, напорите за решение продолжуваат и денеска.

Во текот на денот,  Ванхауте  ќе го доработи предлог-законот по кој вчера се дискутираше на средбите со партиските преставници, и согласно забелешките што ги дале партиите,  во недела треба да им понуди конечна верзија, по што се очекува таа да биде прифатена од сите политички партии.
Гласањето на дијаспората, начинот на носење на одлуки во Државната изборна комисија, како и прочистувањето на избирачкиот список се прашањата околу кои според последните информации партиите немаа постигнато договор.

Поврзани новости