Двајца загинати во две сообраќајни несреќи

by Фокус 11:53
11:53

Во тешка сообраќајна незгода која утрово се случила на патот Демир Хисар – Битола, животот го загуби 23-годишен маж, соопштија од СВР Битола.

Незгодата се случила околу 7.20 часот, во близина на село Лопатица. Автомобилот „голф 3“ излетал од патот, при што од задобиените повреди веднаш починал Валентин С.

- Advertisements -

Во близината на Битола синоќа се случи уште една сообраќајна несреќа. При судир на два автомобила што се случил ноќеска во 2.55 часот на магистралниот пат Битола-Прилеп во близина на мостот на река Шемница, загина 32-годишен маж.

Поврзани новости