Тунтев: Ова што се случува во Собранието многу наликува на 27 април

by Fokus

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев ја повика опозицијата да престане со блокирање на расправата за разрешувањето на Зврлевски, бидејќи, како што кажа, расправата е безмислена и заличува на бурлеска.

„Ние не учествуваме во бесмислена расправа. Ова е бурлеска. Членот 8-а од Изборниот законик се однесува за вработување или за престанок на работниот однос, а не за разрешување или именување на функционер. Во случајот со Марко Зврлевски не се работи за престанок на работата. Тој само се разрешува од функцијата државен јавен обвинител, не му престанува работниот однос, тој си продолжува да биде обвинител. Ова многу ми наликува на април и затоа барам да се прекине со бесмислените дискусии и да се разреши Марко Зврлевски за да се овозможат реформите во судството да почнат – истакна Тунтев.

Сите пратеници од СДСМ што беа пријавени за збор одлучија да се откажат од дискусијата за оваа точка

Поврзани новости