683
Центарот за слобода Цивил објави формулар за пријавување на политички притисок, мобинг или дискриминација.
-По зголемениот број пријави за различни видови политички мотивирани притисоци, закани, дискриминација, па и насилство, ЦИВИЛ дава уште една можност за онеправданите граѓанки и граѓани. Формуларот има за цел откривање и превенција на политичките притисоци, дискриминацијата и мобингот со кој се соочуваат граѓанките и граѓаните, се вели во известувањето.
Од Цивил појаснунваат дека податоците од формуларот се чуваат во најстрога тајност.