ЦГК: Во 2016 година се склучиле над 600 договори во 4 очи во вредност од скоро 35 милиони евра

by Фокус

Во 2016 година дури 23 отсто од тендерите се целосно или делумно поништени, речиси секој трет тендер е со еден понудувач, а е-аукцијата е одржана само во 55 отсто од мониторираните постапки, иако била планирана во сите тендери.

Ова се главните наводи од извештајот за следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јуни – декември 2016 година, што го изготви и објави Центарот за граѓански комуникации, кој врши редовен мониторинг врз трошењето на јавните средства.

„Во 2016 година, склучени се 605 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори е за 20 отсто повисока од 2015 година. Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД Електрани на Македонија за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра“, соопштија од ЦГК.

Поврзани новости