Поради грешка во проектирањето автопатот Охрид-Кичево ќе чини дополнителни 100 милиони евра

by fokus 11:01
11:01

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево е прекината поради изместување на трасата. Кинеската компанија „Синохидро“ која го гради автопатот времено ги запира работите на автопатот. Ова го соопшти владината прес служба по средбата на премиерот Заев амбасадорката на НР Кина во Македонија, Лин Лисјен.

Серија проблеми кои се јавија во изградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе резултираат во дополнителни трошоци во вредност од околу 100 милиони евра, пишуваат од Дојче Веле.

Должината на автопатот е 57 километри и изградбата е предвидена да чини 374 милиони евра. На интернет-страницата на кинеската компанија „Синохидро“ извесно време стоеше податок дека делницата Миладиновци-Штип ќе чини 30 милиони долари, а Кичево-Охрид околу 56 милиони долари. Откако информацијата стигна до македонските медиуми овие податоци беа избришани од кинеската интернет-страница.

Најголем проблем е утврден во проектирањето на косините на автопатот кои се оценети како „нестабилни“ и тоа на четири делници од автопатот. Од Јавното претпријатие за државни патишта кое е договорна страна во проектот со кинеската компанија „Синохидро“ признаваат дека во проектот биле констатирани повеќе грешки, но велат, тие се исправале во процесот на реализација.

Во меѓувреме градежните работи во кои беа ангажирани повеќе подизведувачи и околу 1500 вработени се запрени.

 

Поврзани новости