Татко и ќерка тешко повредени во сообраќајка со нивната запрежна кола

by fokus

Татко и ќерка се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила доцна попладнево во близина на мостот во селото Милетино на локалниот пат Брвеница-Радиовце.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека до несреќата дошло кога автомобил „голф 5“ со хрватски таблички што го управувал М.Д.(24) од Радиовце удрил во запрежната кола во која биле 71-годишниот татко и неговата 18-годишна ќерка.

Повредените првично се однесени во Тетовската клиничка болница, но поради сериозноста на повредите се препратени на скопските клиники.

Поврзани новости