Филиповски: Изјавата на Филипче можеби беше извадена од контекст, но беше и лошо срочена

by fokus

Душко Филиповски, претседател на Здружението на матични гинеколози, во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека вината за здравјето секако не се бара кај пациентите.

-Министерот е веројатно запознаен со очајната состојба во примарната гинекологија, ова е проблем кој постои години наназад. Ние како здружение со години предупредуваме, дека имаме преку 40 општини без гинеколог, но никогаш не наидовме на разбирање. Изјавата на министерот Филипче е можеби малку извадена од контекст, можеби е лошо срочена. Тоа што е сигурно е дека ние вината за здравјето не ја бараме кај пацинетите, рече Филиповски.

Поврзани новости