Таравари за „Фокус“: Сега да видам каква е процедурата и ќе си поднесам оставка од министерската функција

by Fokus

Новиот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари кој во моментот се уште ја извршува министерската функција во секторот здравство во изјава за „Фокус“ вели дека сега ќе види каква е процедурата и ќе си поднесе оставка од министерското место.

– Утре ќе дојдам во министерството за здравство и ќе видам каква е процедурата и кои се роковите за да си поднесам оставка. Јас морав да се кандидирам за градоначалник на Гостивар бидејќи друг не можеше да победи. Сега ќе почнеме веднаш со работа, а прва работа што ќе ја направам е граѓаните да добијат чиста вода – истакна Таравари.

На нашето прашање, кој ќе го замени на министерското столче, Таравари истакна дека тоа ќе биде од нивната партија, но се уште не преговарале за имиња и не знае кој ќе биде нов министер за здравство.

 

Поврзани новости